Skip to main content

Лавров: Русија под никакви услови нема да прифати силите на НАТО да бидат во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се огласи по вчерашниот договор меѓу САД и Украина за прекин на огнот.

Тој во интервју, говорејќи во контекст на можниот мировен договор со Украина, изјави дека Москва ќе избегне компромиси кои ќе ги загрозат животите на луѓето, пренесоа руските новински агенции.

Лавров истакна дека Русија нема да прифати присуство на силите на НАТО во Украина под никакви околности, дури и како дел од трајно мировно решение.

Претходно рускиот пратеник Константин Косачев, нагласи дека секој договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон.

Поврзани вести