Skip to main content

Колумбија се согласи да ги прими депортираните мигранти

САД нема да воведат царини за Колумбија откако нејзината влада се согласи да ги прими депортираните мигранти, објави Белата куќа.

Доналд Трамп вчера нареди воведување царини од 25% за сите колумбиски производи откако претседателот Густаво Петро забрани два американски авиона со депортирани мигранти да слетаат во Колумбија. Петро во прв момент кажа дека неговата земја нема да ги прифати вратените граѓани со цивилни авиони зашто се третираат како криминалци.

Белата куќа дополнително кажа дека Колумбија се согласила да ги прифати мигрантите без ограничување и одлагање. Колумбија додаде дека ќе продолжат разговорите за да се гарантира достоинството на нејзините граѓани.

Белата куќа го поздрави договорот со Колумбија како победа на тврдокорната политика на Трамп, откако двајцата лидери разменија закани на социјални мрежи.

„Двете страни го решија спорот и Колумбија се согласи со сите барања на претседателот Трамп. Предложените царини се целосно подготвени и ќе бидат спроведени ако Колумбија не го почитува договорот“, соопшти Белата куќа.

Поврзани вести