Skip to main content

Кличко го критикува Зеленски: Корупциските скандали ја поткопуваат довербата во украинската држава

Facebook/Віталій Кличко

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го критикуваше претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за германски ЗДФ.

Кличко вели дека корупциските скандали нанеле сериозен удар за имиџит на државата, поткопувајќи ја довербата во централната влада и на домашен план и кај меѓународните партнери.

Новинарката на ЗДФ, Катрин Ајгендорф, коментирајќи ја ситуацијата, ја повтори оваа критика. Таа го нарекува шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак, „Распутин“ на Зеленски, кој имал непропорционална моќ.

Според неа, Јермак поднел оставка само под огромен притисок од безбедносните сили, а не по барање на претседателот. Ајгендорф заклучува дека оваа приказна е лош знак и за Зеленски лично и за украинската демократија.

Поврзани вести