
Цените на гасот во Азија скокнаа за 85% поради блокадата на Ормутскиот Теснец, но некои го гледаат тоа како одличен начин за заработка. Додека Азијците панично купуваат какво било достапно гориво, Кина го намали сопствениот ефективен увоз на течен природен гас на најниско ниво за осум години. Тоа за нив не е преголем проблем затоа што во земјата доаѓа стабилен руски гасовод.
Во март, Кинезите поставија историски рекорд со препродажба на 10 товари течен природен гас на Јужна Кореја, Тајланд и Јапонија. Од почетокот на годината, Кина веќе продала 1,31 милиони тони (19 товари), во споредба со 0,82 милиони тони за целата 2025 година. Кина стана најголемиот шпекулант со гас на планетата, заработувајќи повеќе од кризата отколку од сопственото производство.
Рускиот гас од гасоводот го чини Пекинг околу 250 долари за илјада кубни метри, додека цената на слободниот азиски пазар надминува и 830 долари. Ако на тоа се додаде гасот од терминалот „Арктик ЛНГ 2“, кој, под товарот на санкциите, е принуден да продава гориво на киески „Новатек“ со попуст до 40%, се создава идеален извор на профит. Секоја стандардна пратка испорачана преку терминалот Бинхаи им носи на кинеските државни компании околу 40 милиони долари нето маржа.

Македонски


