Кандидатот за германски канцелар, Фридрих Мерц, ја критикуваше миграциската политика на ЕУ, нарекувајќи ја „очигледно неефикасна“, пишува „Ројтерс“.
Мерц вети дека, доколку биде избран, ќе ги врати граничните контроли и ќе одбие азил на илегалните мигранти.
Мерц зборуваше откако Авганистанец нападна минувачи во германскиот град Ашафенбург на 22 јануари. Две лица, меѓу кои и двегодишно дете, загинаа од убоди со нож.