
Израелската војска вечерва повика на евакуација на жителите на Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа.
Израелските сили „ќе оперираат со целосна сила“ во одредени населби каде што „терористичките организации, првенствено Хамас, ги продолжуваат своите активности“, напиша на арапски јазик на Х портпаролот на војската, Авичаи Адре.
Заради ваша безбедност, веднаш евакуирајте се на запад кон Ал-Маваси, додаде тој.
Израел речиси 20 месеци војува во Појасот Газа против палестинското исламистичко движење Хамас.