Skip to main content

Израел: Виткоф вечерва ќе ѝ се обрати на јавноста на митинг во Тел Авив

Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, вечерва ќе ѝ се обрати на јавноста на митинг на Плоштадот на заложниците во Тел Авив, откако посредуваше во договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците што стапи во сила оваа недела.

Виткоф претходно заедно со командантот на Централната команда на американската армија (CENTCOM), адмирал Бред Купер, ја посетија контролната точка на израелската армија во Појасот Газа, пренесе „Фокс њуз“.

На двајцата американски функционери им се приклучи и началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал Ејал Замир.

Како што соопшти американската телевизија, целта на посетата на Виткоф и Купер е да се потврди дали е завршено повлекувањето на израелската армија во согласност со договорот постигнат со Хамас, пренесе претходно „Тајмс оф Израел“. 

Поврзани вести