Skip to main content

Израел: Големиот свиток на Исаија е преместен на безбедна локација

Големиот свиток на Исаија, најстарата речиси комплетна книга од Библијата што некогаш е пронајдена, е преместена на безбедна локација поради конфликтот со Иран, изјави портпарол на Израелскиот музеј за „Тајмс оф Израел“.

Археолошкото откритие, старо повеќе од 2.100 години, неодамна беше изложено во целост за прв пат од 1968 година.

Музејот, исто така, премести и други важни археолошки наоди на безбедна локација.

Во согласност со итни директиви издадени од Командата на домашниот фронт, музејот ќе остане затворен до понатамошно известување.

Поврзани вести