Skip to main content

Иран го нападна аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, контрадикторни тврдења колку е оштетен

Според најновите информации од Израе, ситуацијата околу аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив е исклучително напната. Станува збор за главниот аеродорм во Израел.

Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ) официјално објави дека го нападнал аеродромот со хиперсонични ракети и камикази дронови.

Извештаите од различни извори потврдуваат дека сирените за воздушен напад биле активирани неколку пати.

Иранските извори тврдат дека аеродромот бил директно погоден, додека официјални израелски извори наведуваат дека делови и шрапнели од пресретнатите ракети паднале во близина на аеродромот и Терминалот 3.

Аеродромот е затворен за повеќето комерцијални летови од саботата, 28 февруари, кога Израел и САД го нападнаа Иран, но на 5 март имало обид за делумно отворање за евакуација на израелските граѓани. Сепак, слетувањата биле прекинати поради новиор бран ирански ракети.

Оскудните информации за случувањата, како и целосното отсуство на видеа или фотографии покажуваат дека Израел продолжува со тотална цензура на информациите за оштетувањата и жртвите во војната.

Поврзани вести