Skip to main content

Германија размислува да ја зголеми киријата за американските бази како одговор на царините на Трамп

Германија сака да ја зголеми киријата за американските воени бази во земјата поради царините на американскиот претседател Доналд Трамп.

Како што објави „Тајмс“, ова би можело да биде одговор на постапките на Трамп, кој, поради Гренланд, најави во ведување царина од 10% за сите стоки испорачани во САД од осум европски земји.

Извори на изданието известуваат дека размислувањата не се за затворање на базите или повлекување на војници, туку за ревидирање на финансиските договори. Ова особено би можело да влијае на големите американски објекти, како што се базите во Рамштајн и Штутгарт. Износот на зголемувањето за закуп на базите не се прецизира.

Поврзани вести