
Естонија прими шест повеќецевни ракетни лансери ХИМАРС МЛРС нарачани од САД кон крајот на 2022 година.
Официјалното примопредавање на военаа опрема се случи во Арканзас, а ХИМАРС системите ќе пристигнат во Естонија во наредните месеци, по што ќе бидат интегрирани во армијата на лето во 2025 година.

Естонската армија, исто така, за овие системи купи ракети ГМЛРС и АТАКМС, како и соодветна опрема. Сè што е купено надмина 200 милиони долари, но САД финансираа 140,5 милиони долари од таа сума.