Skip to main content

Дали Иран создава Бермудски триаголник 2? Пријавени мистериозни навигациски пречки во Персискиот Залив

abolhassan-neghabi-on-unsplash

Бродовите што минуваат низ Ормутскиот теснец, тесец на изезот од Персискиот Залив, на 4 април доживеале „ГПС пречки“, објави агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство.

Прекините, наводно, траеле „неколку часа“ и влијаеле на навигациските системи, принудувајќи ги бродовите „да се потпрат на резервни методи“.

Зоната за пречки наводно се наоѓала недалеку од Бандар Абас, главното иранско пристаниште кое е домаќин на голема поморска воена база.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија бројни информции дека американските воени авиони над Персискиот Залив страдале од она што би можело да биде блокирање на ГПС, при што некои веднаш го обвинија официјален Техеран за „бликирање на комуникациите и ГПС сигналите низ Персискиот Залив и Ормускиот Теснец“.

Поради таквите пречки, американските воени авиони имаат потешкотии при навигацијата и слетувањете во близина на Катар, веројатно поради пречките на радио и сателитски сигнали предизвикани од Иран.

Поврзани вести