Skip to main content

Би-би-си планира да отпушти 2.000 вработени

Фрипик

Британскиот јавен сервис Би-би-си денеска објави дека планира да отпушти до 2.000 работни места со цел да го намали својот годишен буџет за 10 проценти во следните две години, или за 500 милиони фунти, пренесе МИА.

Американските медиуми пренесуваат дека најавените отпуштања, објавени за време на состанокот со вработените, се најголемите за повеќе од една деценија во оваа национална медиумска куќа на Велика Британија.

Знам дека ова предизвикува вистинска неизвесност, но сакавме да бидеме отворени за предизвиците“, изјави вршителот на должноста извршен директор Родри Талфан Дејвис во е-пошта до вработените.

Дејвис рече дека намалувањата се должат на инфлацијата, притисоците врз приходите од претплати и комерцијалните извори, како и нестабилната глобална економија.

Би-би-си претходно оваа година соопшти дека се соочува со значителни финансиски притисоци и планира да го намали својот буџет за околу една десетина до 2029 година, а најголемиот дел од намалувањата ќе бидат спроведени во следната финансиска година, почнувајќи од 1 април 2027 година.

стриминг iPlayer.сд/

Поврзани вести