
Две депонии гореле на територија на град Скопје. Центарот за управување со кризи вечерва информира дека покрај Вардариште добиена е пријава и за запалена депонија во селото Арачиново.
Преку Едиствениот број за итни повици Е-112 добиена е пријава за пожар на запалена депонија во с. Арачиново на излез на Арачиново према Грушино, информира вечерва ЦУК.
Според информациите на ЦУК, на двете места се испратени екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Македонски


