Skip to main content

Ако ви е болно кучето, во Италија ви следува платен одмор за да го негувате

Фрипик

Во Италија ако домашниот миленик ви е сериозно болен, ви следува боледување, односно може да земете платен одмор.

Вработените можат да земат до три дена годишно, под услов да обезбедат ветеринарен сертификат во кој се наведува потребата од итна нега, а животното мора да биде микрочипирано и регистрирано.

Зад оваа навидум изненадувачка мерка стои долгорочен процес, чии темели беа поставени уште во 2017 година, со пресудата во познатиот случај „Кучола“.

Одлуката на италијанскиот суд ја признава грижата за животните како сериозна човечка одговорност.

Поврзани вести