Skip to main content

Од денеска на македонските патарини со МТАГ ќе се минува само на посебна лента

Возачите кои од денеска, 15 јуни, минуваат низ патарините на македонските автопати треба да внимаваат на новите правила за наплата.

Според информациите од Јавното претпријатие за државни патишта, лентите означени за системот МTAG отсега ќе бидат наменети исклучиво за возила што плаќаат со електронски тагови.

Со тоа се укинува досегашната можност овие ленти да ги користат и возачите кои плаќаат со МCard картички.

Тоа значи дека корисниците на МCard отсега наплатата ќе треба да ја реализираат преку останатите ленти на патарините, во согласност со нивната намена и сообраќајното означување.

Јавното претпријатие апелира возачите внимателно да ги следат информативните електронски табли и поставената сигнализација пред наплатните станици за да се избегнат застои и непотребни задржувања.

Надлежните очекуваат новиот режим да придонесе за побрз проток на возила и поефикасна наплата во периодот кога традиционално се зголемува фреквенцијата на сообраќај поради летните одмори.

Поврзани вести