
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД ќе ги обноват воените дејства против Иран доколку не биде постигнат конечен договор за иранската нуклеарна програма.
Трамп во изјава дадена за „Њујорк Тајмс“ предупреди дека во спротивно САД би можеле да станат „чувар на Блискиот Исток“, во замена за 20 проценти од приходите на регионот.
Во интервјуто тој рече дека постигнатиот договор со Иран трајно е „ослободена од такси“ пловидбата низ Ормуската Теснина, како и дека независно противењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го спасил Израел од нуклеарно уништување.
Договорот меѓу САД и Иран беше објавен рано утринава од пакистанскиот премиер Шахбас Шариф, кој посредуваше во напорите за прекин на војната, а подоцна беше потврден и од Вашингтон и од Техеран.
Според договореното, непријателствата треба веднаш да престанат, додека отворањето на Ормуската Тесннина е предвидено по официјалното потпишување на договорот в петок во Швајцарија.
Иако деталите се уште не се целосно објавени, упатени извори посочуваат дека договорот предвидува 60-дневен период на разговори за изнаоѓање конечно решение за иранската нуклеарна програма.(МИА)

Македонски



