
На маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) почна трилатералната средба помеѓу претседателите на Кина, САД и Русија, Си Џинпинг, Доналд Трамп и Владимир Путин.
Си истакна дека трите држави мора да соработуваат во решавање на глобалните проблеми.
Мораме да учиме од историјата. Тешките времиња покажуваат кој навистина е подготвен да преземе одговорност, наведе Си.
Путин во воведното обраќање ја потенцираше „заедничката одговорност“ на трите земји во одржување на и зајакнување на меѓународното право.
Според него, трите држави имаат „голем број заеднички интереси во решавање на регионалните судири, вклучително, секако и судирот во Украина.
Русија, САД и Кина можат значително да придонесат за зајакнување на мирот и стабилноста, истакна Путин.
Додека Трамп потенцираше дека со Си и Путин „навистина испишуваат историја“.
Ние тројцата имаме за многу работи да дебатираме, а веќе за многу тоа разговаравме како претседатели на трите најголеми земји во светот. Имаме посебна одговорност во одржувањето на дијалог, полн со почитување и насочен кон резултатите, за прашања кои не влијаат само на нашите граѓани туку и врз целата планета, наведе Трамп.
Тој упати и критики кон поранешните светски лидери дека избегнувале разговори со држави кои не се согласувале.
Ние мислиме спротивно. Стариот пристап, што се темелеше на одбивање на разговори за проблемите, никогаш не е решен ниту еден проблем, истакна Трамп.
Тој исто така ја истакна важноста на нуклеарното разоружување.
Трите најголеми нуклеарни сили во светот, САД, Русија и Кина, се во единствена позиција да разговараат за тоа како да се намали бројот на нуклеарно оружје на земјата, изјави Трамп.
Тој нагласи дека соработката во однос на нуклеарното разоружување е важна, но призна дека е „многу тешко да се откажеме“ од нуклеарното оружје.
Трамп потврди дека ќе се разговара и за војната во Украина, додавајќи оти денеска имал „долг разговор“ со Путин на таа тема.
По обраќањето на Трамп, новинарите и снимателите просторијата, а за тројцата претседатели разговорите ќе ги продолжат зад затворени врати.

Македонски




