
Македонската културна дипломатија добива нови меѓународни димензии преку активната, визионерската и стратешки насочена работа на проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, кој со континуирани иницијативи, лични контакти и професионална дипломатска комуникација ја проширува мрежата на македонското културно присуство во најзначајните европски уметнички кругови.
Неговата определба е Македонскиот културно-информативен центар во Софија да се позиционира како релевантна меѓународна културна платформа, препознатлива по квалитетот на своите програмски содржини, нивото на уметничките соработници и способноста да иницира и реализира културни проекти со европски и меѓународен дострел.
Во таа насока, проф. д-р Зоран Пејковски оствари средба со големиот пијанист, композитор и професор Панчо Владигеров, кој речиси четири децении живее и професионално работи во Берлин, Германија. Тој е внук на легендарниот композитор, пијанист, диригент и професор Панчо Владигеров, роден во 1899 година во Цирих, Швајцарија, во семејство со еврејско-бугарско потекло, чие име остави длабока трага во европската музичка историја.
Посетата на Панчо Владигеров на Македонскиот културно-информативен центар во Софија е резултат на меѓународните културни релации што ги иницира и развива проф. д-р Зоран Пејковски, со јасна намера македонската културна дипломатија да добие уште посилна и повидлива позиција во релевантните европски уметнички и академски кругови.
Во текот на средбата беше разговарано за конкретна можност за реализација на пијанистички концерт на Панчо Владигеров во Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Оваа иницијатива претставува значаен потенцијал за збогатување на меѓународната концертна програма и воспоставување нови уметнички релации, преку музиката како универзален јазик на културното поврзување.
За проф. д-р Зоран Пејковски, културната дипломатија е простор на стратешко дејствување, меѓународно позиционирање и создавање долгорочни партнерства. Неговата визија е македонската култура да има активно, достоинствено и препознатливо место во европските културни процеси, преку соработка со истакнати уметници, композитори, музички педагози, професори и реномирани културни институции.
Неговата работа е насочена кон создавање на културна платформа која покрај тоа што ја претставува македонската култура, и активно ќе учествува во обликувањето на меѓународните културни текови, ќе иницира нови уметнички соработки и ќе воспоставува партнерства со високи европски и светски уметнички авторитети.
„Македонската култура има капацитет и творечка сила да биде рамноправен и препознатлив чинител во европскиот културен простор. Потребни се јасна визија, високи професионални критериуми, истрајност и конкретни меѓународни иницијативи“ – е суштината на културната определба што ја афирмира проф. д-р Зоран Пејковски.
Преку ваквите средби, иницијативи и нови уметнички перспективи, тој продолжува да ја развива меѓународната позиција на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, градејќи препознатлива институционална адреса во европскиот културен простор.
Висока културна визија. Врвни уметнички партнерства. Европски културен дострел.
Тоа е правецот во кој проф. д-р Зоран Пејковски ја развива својата културно-дипломатска мисија, со амбиција македонската култура да биде присутна таму каде што се создаваат, вреднуваат и афирмираат најзначајните европски и светски уметнички достигнувања.

Македонски




