Skip to main content

Приведен 31-годишнен насилник од Челопек за издржување затворска казна

Приведен е 31-годишник од Tетовско за издржување затворска казна од една година, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при Секторот за внатрешни работи – Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б., на возраст од 31 година од село Челопек, Тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик – информираа од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор – Тетово“ за издржување на казната. 

Поврзани вести