
Вчера во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во врска со претходно пријавено кривично дело „насилство“, извршено претходниот ден, при што со нож беа повредени две лица, по добиена судска наредба извршија претреси на две локации кај Б.И. (38) од Тетово.
При тоа, во патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., пронајден е пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во куќата е пронајдена една рамка за пиштолот. При претрес во објект во Тетово, сопственост на Б.И., пронајдени се два пиштоли за кои немал дозвола, како и тефтери со евиденција и пари. Поради сомневање за сторени кривични дела, од слобода се лишени Ш.А. (62) и Е.А. (60), двајцата од Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти денес СВР Тетово.

Македонски



