
Европската комисија препорача Советот на Европската Унија да утврди дека Унгарија не презела доволно мерки за намалување на прекумерниот буџетски дефицит. Комисијата оценува дека отстапувањето од договорениот пат за ограничување на јавните расходи е значително и дека постапката треба да се засили.
Според есенската економска прогноза на Комисијата, буџетскиот дефицит на Унгарија се очекува да порасне од 4,7 проценти од БДП во 2025 година на 7,3 проценти во 2026 година. Унгарија требаше да го намали дефицитот под границата од три проценти од БДП до 2026 година.
Сега Советот на ЕУ треба да одлучи дали ќе ја прифати препораката на Комисијата. Доколку ја усвои, Комисијата ќе предложи нова патека со корективни мерки, а спроведувањето ќе го процени повторно до пролетта 2027 година.
Унгарија веќе е во постапка за прекумерен дефицит, отворена во 2024 година. Процедурата е дел од фискалниот надзор на ЕУ и има цел да ги поттикне земјите членки да ги усогласат буџетските дефицити со заедничките правила.

Македонски




