Skip to main content

Претседателот на Албанија во посета на Струга, изјави не се предвидени

 Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска ќе претстојува во посета на Општина Струга, каде што ќе биде пречекан од градоначалникот Менди Ќура, соопшти општинската прес-служба.

По средбата во зградата на Општина Струга, според најавата, предвидена е прошетката низ Струга и посета на село Ливада.

Во рамките на посетата, од Општина Струга информираат дека не се предвидени изјави за медиумите ниту прес-конференција.

Поврзани вести