Skip to main content
eS_EIvMBqc8

„Нема добри мажи“ од 3 декември во кината во Македонија

Од 3 декември, македонската публика ќе има можност да го погледне филмот „Нема добри мажи“ (Kabul Jan), во режија на Шахрбану Садат (Shahrbanoo Sadat) – духовита, искрена и емотивна приказна за една млада жена која се обидува да го пронајде своето место во општество во кое нејзините лични избори и слобода постојано се ставени на испит.

Во центарот на приказната е Нару (25), која снима телевизиски емисии за готвење, но по неверството на сопругот ја губи довербата во мажите. Таа живее со својот тригодишен син во станот на нејзините родители во Кабул, иако авганистанскиот закон му дава предност на таткото во однос на старателството над детето. Нејзиниот секојдневен живот добива неочекуван пресврт кога поранешниот сопруг ја повикува среде пренос во живо на нејзината емисија и бара од неа да му се врати.

Преку приказната на Нару, филмот отвора прашања за љубовта, довербата, женската независност и општествените очекувања, притоа комбинирајќи хумор, романса и биографски елементи. Ова е приказна за жена која, и покрај разочарувањата и ограничувањата, се обидува сама да одлучува за својот живот и својата иднина.

Филмот е во режија на Шахрбану Садат, која покрај режисерската, ја толкува и главната улога. Во останатите улоги настапуваат Анвар Хашими (Anwar Hashimi) и Лиам Хусаини (Liam Hussaini).

Поврзани вести