
Заврши снимањето на долгометражниот игран филм „Југославија, мојата татковина“ (JUGOSLAVIJA, MOJA DEŽELA), по сценарио и во режија на Горан Војновиќ и Александар Поповски. Филмот е во продукција на „Арсмедиа“ од Словенија, а македонски копродуцент е „Кино Око“.
Филмот се снимаше во Словенија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина и Србија. Продуцент на филмот е Боштјан Иковиќ (Арсмедиа), а македонски копродуцент Роберт Насков (Кино Око).
Директор на фотографија е Милош Срдиќ, сценограф Наташа Рогељ, костимограф Јелена Проковиќ, маскер Горан Игњатовски, композитор Кирил Џајковски, монтажер Александар Станоjевиќ а дизајнер на звук Боштјан Качичник.

Главните улоги ги толкуваат Матевж Слуга, Клара Кук, Наташа Барбара Грачнер, Игор Самобор, Драган Мичановиќ, Зоран Цвијановиќ, Изудин Бајровиќ и други регионални актери.
Војновиќ (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист. Автор е на романите: „Јужњаци, надвор!“ (2008), „Југославија, моја дежела“ (2012) и „Смоква“ (2016.) кои во издание на „Или-Или“ се објавени на македонски јазик.
За секој од овие романи ја добива престижната „Кресникова награда“.
Поповски е македонски режисер чии претстави се играат на сцените на театрите низ Европа. Веќе осум години е уметнички директор во Мариборската драма. Тоа му е втор мандат во Марибор.
„Луѓето се сеќаваат. Тоа е нивното најголемо проклетство.“, вели еден од ликовите во книгата „Југославија, моја татковина“ напишана од Горан Војновиќ според која е снимен филмот.
Владан Боројевиќ, триесетгодишен доцент на Факултетот за уметности, живее мирно со девојката Надја сè додека на една фотографија не здогледа војник кој личи на неговиот покоен татко.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Македонски

