
Луна продолжува со промоцијата на својот албум „Атлас“, овојпат со две нови песни – „Ирис“ и „Хорор“, кои премиерно ги објави во ист ден. Причината е нивната меѓусебна поврзаност, која доаѓа до израз и преку музиката и преку видеоспотовите.
Во „Ирис“ Луна се појавува во впечатливо, необично и специфично издание, со визуелен стил што веднаш го привлекува вниманието и ѝ дава посебен печат на спотот.
Од друга страна, во „Хорор“ пејачката ја истакнува својата заводлива страна и сексапилот, носејќи сосема поинаква енергија пред камерите.
Со овие две визуелно различни приказни, Луна покажува дека знае да експериментира со својот изглед и сценски израз, претставувајќи се во две различни изданија што ја надополнуваат приказната на новите песни.
Музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а текстовите ги потпишува самата Луна.
Албумот „Атлас“ наидува на позитивен прием кај публиката, а песните се слушаат и на повеќето радио-станици. Луна продолжува со работа, па наскоро се очекува промоција и на преостанатите песни од албумот.
Пејачката најавува и дуетска соработка, но засега не открива со кого ќе ги здружи силите.

Македонски

