
Вчера во 23:35 часот во СВР Тетово, С.А. (41) и неговиот брат А.С. (42), двајцата од село Пршовце, пријавиле дека
околу 21:00 часот додека С.А. престојувал во угостителски објект, телефонски му се јавило лицето Д.И. и му побарало пари во износ од 100.000 евра упатувајќи му закани, соопшти денеска тетовската полиција.
С.А. и пријавениот се сретнале на улица „120“ пред маркет, каде Д.И. дошол со мотор и започнал со вербална расправија и закани. По кратка физичка пресметка, Д.И. извадил нож со намера да го нападне С.А. при тоа во намерата бил спречен од А.С., при што пријавениот му нанел рана на А.С., а потоа го прободел и С.А., велат од СВР Тетово.
На повредените им била укажана помош во Клиничката болница Тетово.
Пријавениот Д.И. (37) од Тетово, пак, самиот се пријавил во Полициската станица Тетово во врска со пријавеното кривичното дело, по што во 23:20 часот е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка. По документирање на
случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонски



