Skip to main content

Трамп и се заблагодари на ФИФА што го поништи црвениот картон на најдобриот играч на САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ѝ се заблагодари на ФИФА по одлуката за условна суспензија на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун, што му овозможи да игра во осминафиналето на Светското првенство против Белгија.

  • Ви благодарам на ФИФА што го направивте она што беше исправно и што исправивте голема неправда – напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Балогун доби директен црвен картон пред три дена на натпреварот против Босна и Херцеговина, откако го згази Тарик Мухаремовиќ.

ФИФА објави дека, со примена на член 27 од Дисциплинскиот правилник, спроведувањето на автоматската суспензија е одложено за условен период од една година. Доколку Балогун повтори прекршок од слична природа и тежина во тој период, казната ќе се активира, без оглед на какви било нови дисциплински мерки.