Skip to main content

Промоција на бугарското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 19 ноември (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска. 

Македонската писателка Фросина Пармаковска ќе земе учество во претставувањето на својот роман, а исто така учество ќе земат издавачот и литературен критичар Пламен Тотев и преведувачот Маријан Петров.

Накратко за романот „Одбројување“:

Млада жена се омажила прерано и е заробена во стапицата на семејно и психолошко насилство. Сега таа е решена да избега од доминацијата, контролата и немилосрдната тортура на својот сопруг. Таа среќава друг маж кој е подготвен да ѝ ја даде целата своја љубов и разбирање.

Дали е можно жената да победи во овој машки свет на постојани закани, уништување, насилство и тортура? Дали е можно да создаде нов, слободен живот за себе?

Така, многу интимниот и длабок роман на Фросина Пармаковска „Одбројување“ (издание на „Персеј“, превод на Маријан Петров) претставува болно и исклучително современо толкување на темата за бракот и семејството во ХХI век. Не е случајно што книгата ја претвора Фросина Пармаковска во едно од големите имиња на современата македонска литература и ѝ ја носи најпрестижната награда – „Роман на годината“. Нејзиниот претходен роман е познат бугарските читатели – „Вишнова хроника“. 

Фросина Пармаковска е мајстор на белетристиката, таа ја владее уметноста на изразувањето. Нејзиниот роман „Одбројување“ е напишан во прво лице еднина. Хероината како да ја споделува својата исповед со пријателка на чаша кафе. И сè звучи како настаните од романот навистина да се случиле во реалноста, а не во главата на писателот кој ја измислил приказната.

Споделувањето е главната карактеристика на книгата. Уште од самиот почеток, читателот ги добива основните, споделени информации за хероината: таа го изневерува својот сопруг. Ова е јадрото на целиот заплет, а прашањето што го движи е: Зошто? Која е причината? Заплетот се одвива назад во времето, до раното детство на ликовите.

Иако е сè уште млада, Фросина Пармаковска е веќе меѓу значајните имиња во европската проза.

Поврзани вести