
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, потврди за иранската државна телевизија дека од ноќеска стапува во сила итен и траен прекин на војната и на воените операции на различните фронтови.
Тој додаде дека преговорите за конечен договор ќе се водат во текот на 60-дневен период и предупреди дека Техеран ќе преземе мерки во случај на „прекршувања од другата страна“.
Постигнатиот договор рано утринава беше објавен од Пакистан, кој посредуваше меѓу САД и Иран, а потоа беше потврден и од американскиот претседател Доналд Трамп.
Во меѓувреме, иранската државна телевизија емитуваше банер со пораката: „САД беа принудени да потпишат договор за крај на војната“.(МИА)

Македонски



