Skip to main content

Иран, Украина и вештачката интелигенција во фокусот на самитот на Г-7 во Франција

Во францускиот град Евијан-Ле-Беин на Женевското Езеро денеска започнува Самитот на групата Г-7, на кој ќе се дискутира за конфликтот со Иран, војната во Украина, глобалните економски нерамнотежи и брзиот развој на вештачката интелигенција.

На тридневниот состанок учествуваат лидерите на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Очекувањата се дека Г-7 ќе се обиде да покаже единство во поддршката за Украина.

Европските членки на Г-7 ќе настојуваат да го убедат американскиот претседател, Доналд Трамп, дека позицијата на Украина е зајакната и дека Европа се повеќе го носи товарот на воената и финансиската поддршка. Во фокусот ќе биде и прашањето за можни идни преговори со рускиот претседател, Владимир Путин.

На Самитот е најавено и присуство на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Лидерите ќе разговараат и за неодамна постигнатиот договор меѓу САД и Иран што се уште не е официјално потпишан, како и за отворањето на Ормуската Теснина и нејзиното значење за глобалната трговија со енергенси.

Во дискусиите ќе учествуваат и претставници на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати, кои се вклучуваат во разговорите за регионалната стабилност на Блискиот Исток.

МИА

Поврзани вести