
Од утре, 28 ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7 јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште божикни поклади. Овој ден е и денот на споменот на Апостол Филип.
Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за верниците да можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.
Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.
Во продолжение погледнете ја табелата со годинашните датуми, празници и правила за постење на Божиќните пости:
Ноември 2026
| Датум | Ден | Начин на постење | Позначаен празник |
|---|---|---|---|
| 28 ноември | Сабота | Риба, масло и вино | Почеток на Божиќниот пост |
| 29 ноември | Недела | Риба, масло и вино | Св. апостол и евангелист Матеј |
| 30 ноември | Понеделник | На вода |
Декември 2026
| Датум | Ден | Начин на постење | Позначаен празник |
|---|---|---|---|
| 1 декември | Вторник | Масло и вино | |
| 2 декември | Среда | На вода | |
| 3 декември | Четврток | Масло и вино | |
| 4 декември | Петок | Риба, масло и вино | Воведение на Пресвета Богородица |
| 5 декември | Сабота | Риба, масло и вино | |
| 6 декември | Недела | Риба, масло и вино | |
| 7 декември | Понеделник | На вода | |
| 8 декември | Вторник | Риба, масло и вино | Св. Климент Охридски |
| 9 декември | Среда | На вода | Преп. Алимпиј Столпник |
| 10 декември | Четврток | Масло и вино | |
| 11 декември | Петок | На вода | |
| 12 декември | Сабота | Риба, масло и вино | |
| 13 декември | Недела | Риба, масло и вино | Св. апостол Андреј Првоповикан |
| 14 декември | Понеделник | На вода | |
| 15 декември | Вторник | Масло и вино | |
| 16 декември | Среда | На вода | |
| 17 декември | Четврток | Масло и вино | Св. великомаченица Варвара |
| 18 декември | Петок | На вода | Преп. Сава Осветен |
| 19 декември | Сабота | Риба, масло и вино | Св. Николај Мирликиски |
| 20 декември | Недела | Риба, масло и вино | Св. Амвросиј Медиолански |
| 21 декември | Понеделник | На вода | |
| 22 декември | Вторник | Масло и вино | Зачнување на Св. Ана |
| 23 декември | Среда | На вода | |
| 24 декември | Четврток | Масло и вино | |
| 25 декември | Петок | На вода | Преп. Спиридон Тримитунтски |
| 26 декември | Сабота | Риба, масло и вино | |
| 27 декември | Недела | Риба, масло и вино | |
| 28 декември | Понеделник | На вода | |
| 29 декември | Вторник | Масло и вино | |
| 30 декември | Среда | На вода | |
| 31 декември | Четврток | Масло и вино | Почеток на последната, построга недела |
Јануари 2027
| Датум | Ден | Начин на постење | Позначаен празник |
|---|---|---|---|
| 1 јануари | Петок | На вода | |
| 2 јануари | Сабота | Масло и вино | Св. Игнатиј Богоносец |
| 3 јануари | Недела | Масло и вино | |
| 4 јануари | Понеделник | На вода | |
| 5 јануари | Вторник | Масло и вино | |
| 6 јануари | Среда | Строго на вода | Бадник (крај на постот) |
Забелешка: Кај верниците кои имаат домашна слава или именден во деновите кога се пости на вода или масло — освен во последната недела и на Бадник — обичајно и со благослов е дозволена риба на празничната трпеза

Македонски



