Skip to main content

Штитеник турнал вработена во Специјалниот завод – Демир Капија, тешко е повредена

Вработена во Специјалниот завод – Демир Капија со тешка телесна повреда била однесена во неготинската Итна медицинска помош, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Вчера во 16:15 часот во ОВР – Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош – Неготино, со тешка телесна повреда е донесена В.Л., на возраст од 59 години од Демир Капија. Според пријавеното, со повредите се здобила на работното место во Јавна установа Специјален завод – Демир Капија, откако била турната од еден од штитениците на установата – информираа од СВР – Велес.

За настанот бил известен трудов инспектор. 

Поврзани вести