
Директор на подружница на ЈП „Национални шуми“ и вработена во претпријатието биле приведени во изминатите денови во рамки на повеќе постапки поврзани со сомнежи за незаконско постапување со дрвна маса, информира заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов.
Повикан на службен разговор актуелниот директор на ПШС “Бор” Прилеп за настан во кој се одземени две товарни возила, а ден претходно е приведена наша вработена од ПШС “Бабуна” Велес, колеги за кои според МВР постојат сериозни докази и индиции дека злоупотребиле службена положба и се огрешиле пред законите во Македонија!
Пред неколку е дена поднесена сериозна кривична пријава за наш вработен во подружницата во Свети Николе, директор од времето на претходната владеачка гарнитура од СДС и ДУИ и правно лице од Бузалково за штета од преку 50 илјади евра! Во изминативе седум дена одземени се неколку камиони на тендераши и дрвокрадци, а од правно лице во Скопје се конфискувани околу 400 кубика огревно дрво чија вредност е околу 30 илјади евра! Не знам кој и колку ме верува и разбира кога велам дека правдата важи за сите и дека нема големи и мали, наши и ваши, едноставно е, секој кој се огрешил пред Законот ќе одговара! Заврши времето КАКО ДО СЕГА, вели Михаилов.

Македонски


