
Од утре до недела, Скопје ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство 2027 за ракометарки до 17 години.
Женската кадетска репрезентација на Македонија, во рамки на групата Б, ќе ги одмери силите со селекциите на Косово, Литванија и Грција.
Во воведниот натпревар во спортската сала „Расадник“, противник на македонските ракометарки ќе биде репрезентацијата на Косово, а натпреварот е закажан со почеток во 18:30 часот.
Во истиот термин в сабота македонската репрезентација ќе игра против Литванија, а во завршното коло в недела против Грција

Македонски



