
Европската Унија прави стратешка грешка со предложените кратења на својот иден буџет, предупреди синоќа францускиот претседател Емануел Макрон на самитот во Брисел.
Ќе се соочиме со пад на европските јавни инвестиции во споредба со Кина и САД-нагласи Макрон, пренесе весникот „Фигаро“.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претстави нов предлог за долгорочниот буџет (МФФ) на Европската Унија за периодот 2028 – 2034 година, со кој е предвидено намалување од 204 милијарди евра, односно околу 10 проценти во однос на првичниот предлог на Европската комисија, со воведување нови извори на приходи, вклучувајќи данок на големите дигитални компании, за да се обезбеди финансирање на приоритетите на Унијата, а националните придонеси на земјите членки да се задржат на прифатливо ниво.

Македонски




