
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека премиерот Себастијан Лекорну ќе соопшти „решителни мерки“ за смирување на протестите во земјата.
Макрон истакна дека сè уште може да постои ризик од понатамошни немири претстојниот викенд, нагласувајќи дека протестните рути ќе останат надвор од градските центри.
Претходно и францускиот министер за внатрешни работи Лоран Њунез наведе дека в сабота се очекува нов бран протести.
Исто така, ја замолив владата да одговори на легитимните барања на ова општествено движење, истакна Макрон.
Лекорну денеска има средба со претставници на синдикатите на средните училишта.

Македонски

