
Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле службен разговор со А.В. од Скопје.
Како што соопшти МВР, тие постапувале по претходна пријава дека упатувала закани по телефон на Ф.В.(36) од Скопје, сопственичка на фирмата во која порано работела, и дека со употреба на физичка сила ја оштетила влезната врата од фирмата и внатре во објектот истурила запалива течност.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Македонски

