
Филипче денеска одговори дали се повикани на разговор членовите на „Платформата 12.05“, Филипче одговори дека сите се купени од власта и одработуваат за нивни интереси. Лидерот на сдсм истакна дека членовите на Платформата биле повикани, и како што рече се уште се повикани да дојдат и да разговараат.
– Таа платформа беше повикана и се уште, ако сакаат да дојдат да разговараат. Но, тоа не е намерата, затоа што кога имаш намера да разговараш, ќе дојдеш да разговараш, кога имаш намера да ја делиш СДСМ, тоа ќе го правиш и они тоа го прават. Му должам на Христијан Мицкоски, дојдоа овде да направат дефокус, дента кога Фон дер Лајен дојде во државава и му кажа директно во лице на Христијан Мицкоски, идентитетот и јазикот се заштитени. Со тоа падна во вода неговата најголема лага изминативе повеќе години. Му требаше некој да направи дефокус. Какво срамно сработување за еден таков предавник – рече Филипче.

Македонски

