
Раководството на Хапоел Тел Авив се обидуваат да најдат ново решение (локација) каде ќе ги играат домашните натпревари. Како потенцијална варијанта сега е Монте Карло. Според израелските медиуми израелскиот клуб чека одобрување од раководството на Евролигата.
Инаку, Хапоел сезоната ја почна со домашен натпревар против Баерн во Тел Авив, а во ноември „домашните натпревари“ ги играше во Бугарија (Софија и Ботевград).
Во декември Хапоел Тел Авив има шест натпревари во Евролигата, а улогата на домаќин ќе ја има на дури пет. Противници ќе им бидат: Милано, Асвел, Жалгирис, Партизан и Макаби, додека гостуваат само кај Фенербахче.

Македонски



