Skip to main content

Најмладите членови на КУД „Китка“ – Драчево на 21.Меѓународна фолклорна манифестација „Ивање во Ново Чиче“ и во посетан на Македонскиот КИЦ во Загреб

Несекојдневно саботно претпладне во македонскиот КИЦ во Загреб, исполнето со младост, традиција и културна размена. Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, со особено задоволство ги пречека најмладите членови на КУД „Китка“ – Драчево, од Македонија и ги запозна со работата на Центарот, како и со значењето и улогата на културната дипломатија во поврзувањето на народите и промоцијата на културните вредности.

Во вечерните часови, Мими Ѓоргоска Илиевска присуствуваше на свеченото отворање на традиционалната 21.Меѓународна фолклорна манифестација „Ивање во Ново Чиче“, каде што настапија и најмладите членови на КУД „Китка“ – Драчево, од Македонија претставувајќи ја македонската традиција, музика и фолклор пред меѓународната публика.

Во рамките на посетата, таа ја разгледа и етно населбата во Ново Чиче, значаен простор за зачувување и промоција на локалното културно наследство.

Денот беше исполнет со убави средби, културна размена и потврда дека фолклорот останува еден од најсилните чувари на идентитетот, традицијата и пријателството меѓу народите

Поврзани вести