Skip to main content

В недела монтажа на нови семафори на булевар „Александар Македонски“ на влез на Скопје

Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 7 јуни, в недела со почеток во 08.00 часот ќе изведуваат активности за монтажа на нови портални семафорски столбови на булевар„Александар Македонски“ кај пешачки премин бо близина на бензиската станица„Макпетрол“.

На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали согласно одобрен ОС Проект, кои од неодамна беа оштетени од сообраќајната незгода.

Првата фаза на изведба на портална греда ќе биде од страната на влез во Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон клучката за Сингелиќ и Маџари. Втората фаза на изведба на порталната греда ќе биде страната излез од Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон улицата „Благоја Стефковски“. Екипите на ЈП„Улици и патишта“ на горенаведените локации ќе постават сообраќајна опрема и сигнализација, а ќе бидат распоредени и редари. Сообраќајот во текот на неколкучасовниот период ќе се одвива отежнато, но без прекини. Поради тоа апелираме до граѓаните за трпение до завршување на работите согласно предвидената динамика, наведуваат од ЈП Улици и патишта Скопје.

Поврзани вести