
Утре, 04.08.2025 година (понеделник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје.
Терестричната дезинсекција против комарци ќе се врши од 04.08.2025 година (понеделник) до 07.08. 2025 година (четврток), од 22 до 03 часот, потенцираа од Град Скопје во известувањето до граѓаните.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.