
Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Заев и Филипче излажа за сите катни гаражи кои ги вети во 2021 година. Ниту една катна гаража која ја вети, не ја направи, изјави денеска носителот на советничка листа од ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош Христо Саракинов.
Стоиме овде пред ГОБ 8 Септември, место каде Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека ќе направи катна гаража.
Овде нема катна гаража, има само ѓубре и дупки.
Кога ја читаме програмата на Стевчо Јакимовски од 2021 година сфаќаме дека се било една огромна лага. Ниту една катна гаража која ја ветил, не ја направил.
Стевчо Јакимовски само ги изманипулира граѓаните на Карпош.
Последните 4 години со Стевчо во Карпош се хаос за карпошани, хаос со паркингот, ѓубре насекаде, бетонизација, наместо зеленило и хумана урбанизација.
Стевчо Јакимовски лаже и сега како што лажеше во 2021 година. Ништо што вети во 2021 година, не реализира. Ниту една катна гаража не направи. Истите лаги ги кажува и сега, разликата е што овој пат нема да му успеат. Стевчо Јакимовски е прочитана книга. Карпошани ќе го казнат и ќе го испратат во политичка пензија со Филипче и Заев, неговите ментори за бизнис зделки, рече Саракинов.