
Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Тој зборуваше на актуелната тема за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води на сите истражувања на јавното мислење, а самиот тој очекува убедлива победа. Според него, градоначалничката трка за Град Скопје има посебна тежина, но сите општини добиваат внимание, а кандидатите активно ја претставуваат својата програма и својата визија.
Она коешто го гледаме од анкетите е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите истражувања на јавното мислење и тоа не е од сега туку и изминатите години наназад. По претставувањето на целокупната програма секоја општина поединечно дека граѓаните ќе се определат за поддршката на градоначалниците предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, кажа Пренџов.
Според него, градоначалничкото место на Скопје како главен град е значајно, но и останатите општини во земјава воопшто не се запоставени. Како што рече тој, кандидатите за градоначалници и советници во сите општини работат активно да ја објаснат својата програма и визија, а иако медиумското внимание е поголемо во Скопје, сите општини добиваат внимание и поддршка за претстојните локални избори.
Градоначалничкото место на Скопје е градоначалничко место на главниот град коешто обединува повеќе од 10 општини, коишто се навистина значајни со број на жители. Но, истовремено сакам да апострофирам дека не чувствувам, јас барем, дека се другите запоставени бидејќи сметам дека секој кандидат за градоначалник, секој кандидат за советник во било која општина и тоа како работи со своите жители, да им ја објасни програмата визијата и во она кое што го верува, она кое што го ветува пред овие локални избори“, истакна Пренџов.
Тој додаде дека предизборната атмосфера е присутна низ целата држава, во секој град, во секое семејство. Според него, граѓаните активно дискутираат за кандидатите и размислуваат кому ќе ја дадат довербата.
Очекувам една голема и убедлива победа за она што значи проекти за она што значи развој и мислам дека кандидатите предложени од ВМРО-ДПМНЕ ги имаат тие квалитети“, заклучи Пренџов.