Skip to main content

Наскоро нова механизација и дополнителни контејнери за собирање на отпадот во Скопје

Скопје и натаму се соочува со проблеми во собирањето на отпадот, но градските власти уверуваат дека наскоро ќе пристигне нова механизација и дополнителни контејнери со цел да се подобри хигиената во главниот град. Градоначалникот на Скопје денеска изјави дека не се согласува со оценките дека контејнерите се преполни во сите делови од градот, иако призна дека има одредени пропусти во функционирањето на системот.

Според него, актуелните проблеми се последица на старата механизација што ја наследиле, но во меѓувреме значително е зголемен бројот на возила за собирање отпад, објави 4news.mk

Кога станав градоначалник на располагање имавме 16 камиони, а сега бројката е околу 60. Во меѓувреме заврши тендерската постапка и наскоро ќе пристигнат околу 40 нови камиони за Град Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави и дека е во завршна фаза постапката за набавка на околу 2.600 нови контејнери, кои, како што рече, треба да бидат испорачани во наредните 10 до 15 дена.

Од градските власти очекуваат со новата опрема да се подобри динамиката на собирање на отпадот и да се намалат проблемите со преполните контејнери низ скопските населби.

Поврзани вести