Skip to main content
ПРАШУВА ВМРО-ДПМНЕ

Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг, осуден криминалец и на црна листа на САД.Стевчо Јакимовски е осуден од македонските судови, а од САД е ставен на црна листа. Станува збор за криминалец кој местел тендери и правел ДУП ови по мерка на урбаната мафија, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Само политичар како Стевчо Јакимовски, кој е докажан криминалец им одговара на Филипче и Заев и на СДС. Затоа Маја Мојсова ја избраа да биде статист на овие избори и да послужи само како сад за прелевање гласови во вториот круг кај нивниот вистински кандидат – Стевчо Јакимовски.

Маја Мојсова молчи и не кажува до крај кој ќе ја одигра својата улога на статист на овие избори која и ја дадоа Венко Филипче и Зоран Заев, кои се договорија со Стевчо Јакимовски за поддршка или ќе покаже грам доблест и интегритет и ќе се спротистави на бетонизацијата на Карпош која ја планира Филипче и Заев преку Стевчо Јакимовски.

Маја Мојсова мора да каже јасно и гласно дали во вториот круг ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за бетонизација на Карпош по мерка на Филипче и Заев, за сметка на граѓаните кои ќе добијат запуштена општина

Поврзани вести