
Социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66) на Роб Јетен е изненадувачки победник на денешните вонредни парламентарни избори во Холандија освојувајќи најголем број гласови и вкупно 27 места во Долниот дом на холандскиот Парламент, покажуваат резултатите од излезните анкети.
На второто место е десно популистичката Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, која важеше за фаворит за победа на изборите, со освоени 25 мандати, а трета, исто така изненадувачки, е конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) со 23 пратенички места.
Блокот на социјалдемократската Лабуристичка партија (ПВДА) и еколошката Зелена левица (ГЛ) на поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс, на кој во некои анкети дури му се даваше шанса за победа, освои 20 пратеници, а десно центристичкиот Христијанско-демократски повик (ЦДА) ќе има 19 мандати.
На шестото место се пласира десничарската партија Вистински одговор 21 (ЈАК21) со освоени девет пратеници, пред десно популистичките Форумот за демократија (ФВД) со шест и Движење на земјоделците-граѓани (БББ) со четири мандати.
Места во Парламентот, според излезните анкети, освоиле уште седум партии, кои ќе имаат од еден до три пратеници.
Гласачките места за денешните избори беа затворени во 21 часот.

Македонски








