Skip to main content

Ѓорѓиевски: До средина на мојот мандат Скопје ќе има подземна сообраќајница

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека до средина на неговиот мандат скопјани ќе ја добијат првата подземна сообраќајница. Смета дека со оваа сообраќајница значително ќе се намали метежот во градот.

Булеварот Борис Трајковкси, кој што повеќе децении се работи, од Кисела Вода до Драчева. Последните генерации говорат за тој проект, но никако да се стигне до финале, до реализација. Се сретнавме со сите стопанственици, најдовме заеднички начин, постигнавме заеднички компромис и договор и почнуваме со градежни активности. Динамиката ја утврдуваме, ќе биде на повисоко ниво за разлика од минатото, пократки се роковите, но реални. Направивме сериозна програма и буџет, а во тие проекти спаѓа Лимак. За овој проект во прва фаза имаме 90 дена, сериозен напредок има таму. Во меѓувреме распишана е постапка за втора фаза – нивелација кај подземната сообраќајница, оној подвозмик кон МВР изградба на два кружни текови во тој дел, а до крајот на годината ќезаполнеме тендерска постапка за финалниот дел – големиот круѓен тек кај Нова Македонија кој пто треба да се поврзе со Католичка црква и ни останува уште проширување на улицата кај Рамстор со уште една дополнителна лента, односно четврта. Така што, некаде до половина од мојот мандат, ако ветив до крајот на мандатот, скопјани ќе ја добијат првата подземна сообраќајница, која ќе допринесе и за безбедноста во сообраќајот, но и за 33 проценти најмалку ќе ја намали гужвата во сообраќајот во Скопје – изјави тој.

Поврзани вести