Skip to main content

Зошто Грција како добар сосед не одбележа 100 години од излегувањето на Абецедарот на македонски јазик?

Промоцијата на „Абецедарот – сто години потоа“ (1925-2025) со авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар, ќе се одржи денеска во Скопје.

Пред еден век излезе Абецедарот,односно букварот на македонски јазик од страна на Грција пред точно еден век. Се поставува прашањето зошто Грција не го одбележа излегувањето на овој буквар кој морала да го издаде под притисок на тогашната Друштво на народи.

Што е Абецедарот

Абецедар  е буквар на македонски јазик подготвен од специјална комисија на грчката влада, под меѓународен притисок и покровителство на Друштвото на народите а отпечатен во Атина во мај 1925 година со лерински народен говор на приспособена латинична азбука и со нагласено фонетски правопис.

Кратко после неговото печатење Абецедарот бил запленет и уништен од страна на грчката влада,. Во 2006 година е дозволено повторно преиздавање на Абецедарот од страна на партијата „Виножито“.

Игор Чавески

Поврзани вести